unmask - онтологија

демаскира повеќе

демаскираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Симне, симнува маска.
Албански: demaskoj
Покаже, покажува, разоткрие, разоткрива некого или нешто во вистинска светлина.
Албански: dëftoj
Употреба: Преносно значење
(се демаскира) се разоткрива, се открива
Албански: demaskoj

разобличи повеќе

разобличат
Вид збор: Глагол, свршен
Јавно покаже нечиј негативен лик, улога, постапка; демаскира нечие однесување или дејствување.
Албански: demaskoj
Примери:
Го разобличи противничкото раководство
(се разобличи) Се покаже со своите негативности.
Примери:
Се разобличија самите со своите зборови.

разобличува повеќе

Види и: разобличи (св.)
(се) разобличуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разобличи

раскринка повеќе

раскринкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, разоткрие, изнесе пред јавност нечија незаконска или неморална дејност.
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој го раскринка јавно општествениот криминал.
(се раскринка) Себеси се открие јавно, открие некоја своја дејност.
Употреба: Разговорно
Примери:
Се раскринка со своите лаги.